Wizi за позелено Скопје 🌳

Како дел од еколошката иницијатива „ Wizi вози, Скопје дише“, Wizi такси започнува кампања за садење дрвја во Скопје. Целта на кампањата е да се подигне свеста за климатските промени, да се зачува животната средина и да се создаде поздрав град за идните генерации. Секое засадено дрво придонесува за почист воздух, пониски температури во текот на летните месеци и зачувување на биодиверзитетот. 

 

Првите 50 дрвја за почист воздух 

На 15 ноември 2025 година, ги засадивме првите 50 дрвја во зелената зона покрај булеварот Србија, во населбата Аеродром. 

Ова садење означува почеток на долгорочна мисија – создавање позелено, поздраво и поубаво Скопје. 

Локацијата не е избрана случајно, тоа е простор што секојдневно ги зближува граѓаните, семејствата и рекреативците, а секое ново дрво придонесува за почист воздух, попријатни температури и поздрава животна средина. 

 

Возење што сади дрвја 

Wizi такси верува дека секое возење може да има поголема цел од само превоз. Затоа се издвојуваат 10 денари од секое возење со Wizi, кое се инвестира во садење нови дрвја во Скопје. Со други зборови, со секое возење му помагаме на Скопје полесно да дише. Благодарение на вас, градот станува почист, позелен и попријатен за живеење. 

 

Зошто да садиме дрвја? 

🌱 Едно дрво може да апсорбира до 25 килограми штетни емисии годишно. 

🌿 Систематското пошумување на урбаните средини ги намалува температурите до 8 степени. 

🍃 Позелено Скопје значи подобар квалитет на живот за сите граѓани. 

 

Безбедност и одговорност – заедно 

Покрај грижата за животната средина, Wizi такси останува посветен на безбедноста и сигурноста на секое возење. 

Нашите возачи се професионални, возилата редовно се одржуваат и секое возење е проверено – бидејќи безбедноста и одговорноста кон заедницата одат рака под рака.