Патувајте безбедно со Wizi

Безбедноста на сите наши луѓе – партнери/возачи и патници – е наш врвен приоритет. За да може вашето возење да биде пријатно, пред се мора да биде безбедно на сите нивоа.

Затоа денес ви донесуваме некои  Wizi функции кои ќе ја зголемат вашата безбедност во нашите возила на уште повисоко ниво.

 

Споделете детали за возењето

Во секој момент од вашето возење со Wizi, имате можност да ја споделите вашата моментална локација и бројот на возилото во кое се наоѓате.

Покрај тоа што вие ќе сте безбедни, вашите најблиски ги имаат сите информации за вашата моментална локација и возење достапни со еден клик.

Вашиот телефонски број останува скриен

При секој контакт со возачот, преку апликацијата, повик или СМС, вашиот телефонски број останува скриен за да ја заштитите вашата приватност што е можно повеќе.

Ова значи дека нема начин возачот да ги злоупотреби вашите податоци или да ве контактира по возењето.

Оценете го возењето и возачот

Вашето мислење е важно за нас и затоа ве покануваме да го оцените услугата и возачот после секое возење. Бидете искрени за вашето искуство со возење со Wizi.

На овој начин ќе ни помогнете постојано да ја подобруваме нашата услуга, но и полесно да ги идентификуваме оние возачи кои не се придржуваат до Wizi стандардите.

Ние се грижиме за вашите изгубени работи

Секому му се случува понекогаш во брзање да заборавиме нешто во возилото. Ако ова ви се случи и вам, не грижете се.

Јавете се во нашиот центар за повици и изберете го бројот на градот каде што сте патувале и ние веднаш ќе контактираме со возачот за да можете да ги подигнете вашите работи што е можно поскоро. Додека не дојдете да ги земете, ги чуваме на безбедно место. Но, имајте на ум дека грижата за вашите работи зависи исклучиво од вас, и ние ќе направиме се што е во наша моќ да ги вратиме вашите работи доколку ги заборавите или изгубите.

Грижа за корисници секогаш е на ваше располагање

Доколку сте имале непријатно возење со Wizi, ве охрабруваме да ги испратите сите детали за возењето до нашиот оддел за услуги на клиентите на е-пошта [email protected]

Нашите колеги ќе ви одговорат во законскиот рок и со големо задоволство ќе ви пружат помош и поддршка во најразлични ситуации што може да ви се случат за време на вашето патување.

 

Патувајте безбедно и удобно со Wizi!