Кога нарачуваш возење со WIZI, очекуваш безбедност, точност и пријатно искуство. Ова не е случајност, бидејќи зад секое возење стојат возачи кои поминуваат посебна обука и подготовка како дел од Академијата Визи.
Што е Академија Визи?
Академијата Wizi е образовна програма дизајнирана да обезбеди највисоки стандарди во обезбедувањето такси услуги и да ги развие вештините и знаењата на нашите возачи. Академијата не е само „обука“, туку систем кој го подготвува секој возач за работа, го учи на стандардите за услуги и покажува како да реагира во различни ситуации.
Што учат возачите?
Програмата се состои од теоретски дел и практична обука, и вклучува теми како што се:
- Стандарди за услуги на Wizi
- Технологија и софтверски решенија
- Комуникација
- Безбедност и сообраќајна култура
Континуирано учење
Академијата не завршува кога возачот ќе седне зад воланот. Тимот на Wizi континуирано работи со партнери и возачи преку едукација, јасни процеси и отворена комуникација. Секоја обука е прилагодена на најновите трендови во индустријата за мобилност и транспорт, овозможувајки им на сите учесници да станат експерти во својата област и да обезбедат врвна услуга за сите наши корисници.
Зошто е важна?
Wizi Академијата е повеќе од едукација, таа е гаранција дека зад секое возење стои возач кој знае, може и сака да обезбеди професионална услуга. Квалитетните луѓе прават разлика, а академијата им дава алатки да го покажат тоа секој ден.




