WIZI Скопје – крај на промоцијата и новости што ги подготвуваме

На 4.10.2026 година во 23:59:59 часот завршува промотивниот попуст до 10% за WIZI возења во Скопје нарачани преку WIZI апликацијата. Од 5.10.2026 година, возењата ќе се наплаќаат според редовниот ценовник.

Промоцијата овозможуваше поевтини возења до 650 денари, со исклучок на термините од петок во 22:00 до сабота во 06:00 часот и од сабота во 22:00 до недела во 06:00 часот.

Ви благодариме на сите што ја искористивте промотивната понуда и го избравте WIZI за вашите секојдневни возења.

Подготвуваме нови погодности и уште подобра апликација

Моментално работиме на нови погодности за корисниците и редизајнирана WIZI апликација со нов изглед и дополнителни функционалности за поедноставна и попрактична употреба.

Наскоро ќе споделиме повеќе информации преку нашите официјални канали.

На работа, на кафе, на шопинг или по излегување – и понатаму можеш да нарачаш превоз во Скопје преку WIZI апликацијата или со повик на 15777.

Ти благодариме што го бираш WIZI!