Wizi ја цени Вашата приватност и затоа Вашите податоци кај нас се внимателно зачувани.
Сите обезбедени информации се заштитени од пристап на трети лица и овие правила одредуваат и регулираат како веб и мобилниот сервис на Wizi апликацијата ги користи и ги штити сите информации кои корисниците ги доставуваат со самото користење на истите.
Заштита на Вашите лични податоци значи дека никогаш нема да ги злоупотребиме Вашите лични податоци на било кој начин, Вашиот контакт и лични податоци никогаш нема да ги предадеме на трети лица и Вашиот контакт и лични податоци можат да се предадат на трети лица само со Ваша дозвола.
Лични податоци се информации кои Вас ве идентификуваат како поединец и за лични податоци се сметаат сите податоци со кои се утврдува идентитетот на корисникот (име и презиме, e-mail адреса, адреса на живеење и слично).
Wizi ќе работи на обработка на лични податоци (како што се собирање, снимање, организирање, спремање, прилагодување, вршење логички, математички и други операции), со цел на запознавање на куповните навики на корисниците во информативни цели и за промовирање на услуги и производи.
Со регистрација на интернет страницата www.cammeo.mk, со нарачување како корисник или пристап до самата страница, корисникот дава согласност Wizi веб и мобилниот сервис, односно апликацијата, да ги обработува неговите податоци наведени во регистрацијата, податоците за нарачки како и податоците достапни во процесот на плаќање на услугата.
Wizi ќе ги користи личните податоци исклучиво за исполнување на нарачки на корисникот, во технички цели како администрација, со цел на подобрување и оптимизација на своите услуги и за општа комуникација со корисникот.
Во случај корисникот да не сака Wizi веб и мобилниот сервис, односно мобилната апликација, на било кој начин повеќе да ги обработува неговите лични информации и бара бришење на истите, корисникот е должен да го извести Wizi преку e-mail порака на e-mail адресата [email protected].
www.wizi.mk користи „cookie“ програми. Cookies, односно колачиња, се незабележливи документи кои привремено пристапуваат до вашиот hard disk и овозможуваат нашата страница да го препознае Вашиот компјутер кога следен пат ќе пристапите до истата. Тие, исто така, служат за оптимална работа на веб страницата за како би се подобрило корисничкото искуство на прегледување и користење. Со посета на оваа веб страница, Вие се согласувате за употреба на колачиња, кои можат да бидат блокирани, по што и понатаму ќе можете да ја прегледувате страницата, но некои опции нема да Ви бидат достапни и самиот чин на блокирање може да има негативен ефект врз употреба на веб страницата.